Коралес заработи бизарна повреда, Штербик ќе добие повик од Шпанија!?
Тоа се случило на крајот на тренингот и сега Коралес треба да оди на медицински прегледи. Доколку се покаже дека расекотината на левата нога е проблематична, тогаш Шпанците ќе мора да го повикаат поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик.
Шпанија во следните натпревари треба да игра против Франција, Германија и Бразил во втората фаза од Светското првенство во Германија и Данска.