Малдини го сака Озил во Милан, Газидис го блокира трансферот

Првите проблеми во хиерархијата на Милан се помеѓу директорот за фудбалски развој, Паоло Малдини и финансискиот директор Иван Газидис и тоа поради Месут Озил. 

Судбината на Германецот во редовите на Арсенал е веќе запечатена. Клубот бара купец за фудбалерот, кој сезонава е почесто надвор од тимот отколку на теренот. Озил има проблеми со повредите, но и со односот на тренинзите, па менаџерот Унаи Емери повеќе не смета на него.

Тој има огромна плата од 350.000 фунти неделно, а Милан имал желба да ја искористи ситуацијата и да го доведе искусниот плејмејкер на „Сан Сиро“. Озил е предлог на Паоло Малдини, кој верува дека неговата креативност сериозно ќе му помогне на тимот во средниот ред, каде реално има најмалку квалитет, но трансферот веднаш бил блокиран од новиот финансиски директор Иван Газидис.

Интересно е тоа што токму Газидис, кој дојде во Милан од Арсенал, беше човекот кој плати 40 милиони фунти за Озил да го доведе од Реал Мадрид во летото 2014 година. Сепак, сега Газидис смета дека најдобрите денови се зад Озил и тој не може да ги повтори игрите од минатото, а неговата плата би била сериозен товар на финансиите во клубот.