Шкупи се засили со фудбалер од Мали

Босанските медиуми пишуваат дека крилниот напаѓач од Мали, Махарафа Тандина го напушти босанскиот прволигаш Младост Добој Какањ и се преселил во Шкупи.

Тандина не се појавил на тренингот на клубот пред почетокот на вториот дел од сезоната и тогаш било јасно дека ќе го напушти тимот.

На крајот замина на позајмица во Шкупи, па би требало да биде големо засилување за нападот на клубот.

Чаирчани денеска објавија дека во Анталија на завршните подготовки, каде заминуваат в четврток, ќе одиграат пет тест мечеви и тоа со ирански Сепхан на 20 јануари, со романски Лаши на 23 јануари, унгарска МТК Будимпешта на 26 јануари и со Сараево предводен од Крсте Велкоски на 2 февруари. Засега се бара противник за тест на 29 јануари.