Страшна сцена на Дакар: Камион прегази невнимателен гледач (ВИДЕО)
Рускиот возач Андреј Каргинов налета на група гледачи, која тргна да бега, а еден од нив падна под камионот, но за среќа помина добро.
Според информациите, му била скршена една нога, а Каргинов бил дисквалификуван од годинешната трла.
Рускиот возач немал намера да направи такво нешто, а неговите шефови соопштија дека не го забележал гледачот, зашто била нагорнина.
Моментот на несреќата на видеото може да се погледне на 5.00.