Гатузо: Јас би го држел Игуаин дома кај мене и би му давал вечера

Гонзало Игуаин повторно имаше слаб натпревар во дресот на Милан против Сампдорија во Купот, а тренерот Џенаро Гатузо речиси и потврди дека тој си заминува во Челси. 

Тренерот на Милан е задоволен од Аргентинецот и вели дека во секој случај сака да го задржи во својот тим, но дека Игуаин веќе има донесено одлука.

„Ние имаме многу искрен однос, си ги кажуваме работите во лице. Има навистина голема искреност. Но, кога еден играч ќе направи одрен избор, станува многу тешко да го убедиш поинаку. Можете да се обидете. Во овој момент тој е играч на Милан и го држиме цврсто со две раце. Не знам што ќе се случи. Искрени сме еден со друг и сакам да го задржи овој однос, кој реално и никогаш не му недостигал“, изјави тренерот на Милан.

„И натаму не разбирам зошто Игуаин е несреќен, бидејќи го гледам секој ден и ми делува задоволен и целосно е прифатен од соблекувалната. Ќе видиме што ќе биде, ако е до мене јас би го држел во мојата куќа и би му давал од мојата вечера“, заврши Гатузо.