Лидс им се врати на победите: Алиоски асистираше во триумфот против Дерби (ВИДЕО)

По двата врзани порази, Лидс јунајтед вечерва славеше важна победа од 2-0 против Дерби Каунти во дербито на 27.коло во Чемпионшип дивизијата. 

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски беше во почетниот состав на Лидс и го одигра целиот натпревар, при што имаше и асистенција за вториот гол за домашниот тим. Тој му асистираше на Џек Херисон, кој ги постави конечните 2-0 во 47-та минута. Претходно победата на Лидс ја најави Кемар Руфи во 20-тата минута.

Лидс јунајтед со оваа победа само се зацврсти на првата позиција на табелата со 54 бодови или пет повеќе од Норич, кој има и натпревар помалку.