Радикални промени во Ферари: Отказ за шефот Маурицио Аривабене
Според „Газета дело Спорт“, досегашниот технички директор Матија Биното ќе добие унапредување и ќе биде главен во Ферари во 2019 година. Изминатата сезона имало сериозни тензии помеѓу Аривабене и Биното, особено кон средината од сезоната, кога шансите на Ферари за титулата почнале да бледеат.
Промените во раководните структури во Ферари почнаа и со претседателот, откако Џон Елкан го наследи Серџо Маркионе. Биното е познато лице во таборот на тимот од Маранело, бидејќи е дел од Ферари речиси две децении.