Божиќно чудо: Сите мислеа дека е готова, а таа пак се качи на мотор
Витхулкас е актобатка со крос-мотор, која има преку стотина акробации, но со една погрешна проценка остана парализирана. Австралијката која вози мотор во слободен стил пред три месеци лошо го проценила падот на рампата, па во таа рамка удри со сета сила и падна на земја.
Заврши во болница со повреди опасни по живот. Многумина прогнозираа најцрно сценарио, а речиси никој не верувал дека ќе се случи чудо, за таа повторно да седне на мотор. Лекарите успеале да ја спасат, но таа останала парализирана и пред овој Божиќ, сега повторно седна на моторот. А, сите останале во чудо, како е можно тоа по само три месеци.
„Беше малку страшно, ама во исто време и сјајно. Раните се залечија, јас повеќе нема да можам да одам, ама најважно е дека се чувствувам старата јас. Покрај себе го имам Џејмс (вереникот – н.з.), му верувам до небо, ама не беше лесно со него да седнам пак на мотор. Сепак се препуштив на доживувањето и почувствував некакво олеснување и среќа. Беше фантастично да го чујам звукот, да го почувствувам ветерот во лице и коса. И побрз е од мојата инвалидска количка. Јас постојано лекарите ги прашував кој најбрзо закрепнал и седнал на мотор и испадна дека тоја сум јас“, вели Кристина.