Леверкузен загуби во Франкфурт, Ајнтрахт освои нови три бода (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт без поголеми проблеми го совлада Баер Леверкузен на домашен терен со 2-1 во 15. коло од германската Бундеслига.

Дени да Коста стрелаше за водство на домаќините од 1-0 во 28. минута, а Леверкузен не успеа да ги искористи своите шанси кои ги создаде во првиот дел.

Во второто полувреме Франфкурт целосно го надигра гостинот, па Филип Костиќ зголеми на 2-0 во 57. минута, но осум минути подоцна Карим Белараби намали на 1-2, но не можеше да направи ништо повеќе од тоа.

Франкфурт во моментов е на петтата позиција со 26 бодови, додека Леверкузен е на 11. место со 18 освоени бодови.