Навивач на Наполи нападнат во Ливерпул: Мислев дека ќе умрам! (ФОТО)

Навивач на Наполи заработил повреди по мечот на Наполи и Ливерпул во последното коло од групнат афаза во Лигата на шампиони.

Според италијанските медиуми, 24-годишниот навивач бил нападнат од седум навивачи на Ливерпул и заработил повреди на главата, а додека барал помош од луѓето на улица, никој не сакал да му помогне на повредениот Италијанец.

Потоа 24-годишниот навивач го пронашле двајца пријатели и по 10 минути успеале да најдат превоз до болница, каде што имал операција.

„Мислев дека ќе умрам“, кажал нападнатиот маж.

Напаѓачите не се идентификувани, а локалната полиција бара сведоци, кои го забележале инцидентот да се јават во станица.