Нов спектакл на асфалтот: Плејбој зајчица ќе вози женска Формула (ФОТО)
Германката Дорен Сајдел е една од 55-те возачки кои се на листата и кои очекуваат повик во првата сезона од женската Ф1, а нејзиниот сексапил уште од старт ќе донесе поголем интерес за новото натпреварување. Германката има 33 години, веќе се натпреварувала во автомобилски трки во 2011 година и возела Ауди брендирано со знакот на Плејбој, а од 2008 година има ангажман во „Плејбој“, па поради тоа го прошета целиот свет.
Возач е на Мерцедес Бенц, а освен тркањето има страст и кон сноубординг, но и сурфање.
Премиерата на женската Ф1 е закажана за март идната година во премиерната сезона и ќе се возат шест трки во траење од по половина час. Ќе се вози во првата сезона само во Европа, но најавено е дека од 2020 година ќе се прошири и во САД, Азија и Австралија. Трките ќе се возат на истите патеки, како и вистинската Ф1, но во различен викенд, со тоа што ако интересот е поголем, „Либерти Медија“, групацијата која ја има Ф1 планира женската Формула да ја спои со вистинските гран-прија и со тоа да донесе – двојно уживање.
Понежниот пол нема да вози болиди како мажите, туку болиди кои потсетуваат на тие од 90-те години, со 1,8-литарски мотори со турбо полначи и сето тоа што го има во Формула 3.