Мечот Гостивар-Шкендија почна со песна за УЧК и за Голема Албанија! (ВИДЕО)
Фудбалскиот дуел помеѓу Гостивар и Шкендија во рамки на шеснаесетина финалето од Купот на Македонија уште пред официјалниот старт донесе контроверзен момент со оглед што за цело време додека се загреваа играчите на разгласот ечеше националистичка песна која нема никаква поврзаност ниту со спортот ниту со земјата во која се игра натпреварот.
Фудбалерите на двата тима беа мотивирани со песна во која се велича паравоената формација УЧК (ОВК) како и Голема Албанија. Сега останува да се види дали ќе има реакција од делегатот на овој меч односно дали овој детаљ ќе биде забележан во официјалниот записник во куп-пресметката во која гостите влегуваат како огромен фаворит.