Нов проблем за Вардар: Мораес замина на операција! (ФОТО)
Овој 24-годишен ракометар денеска ќе направи операција на колено за кое објасни дека му предизвикувало болка во претходните три месеци.
„Денеска беше мојот последен натпревар годинава за Вардар, утре ќе правам операција на коленото. Не ми беше лесно да играм три месеци со болка. Се враќам наскоро“, напиша Мораес.