Еден куп жестоки казни за тепачите на дуелот Галатасарај - Фенербахче
Тренерот на Галатасарај, Фатих Терим е казнет со седум натпревари забрана за водење на тимот поради навреди кон судиите на конференцијата за медиумите, а фудбалерите на Фенербахче, Жаилсон доби осум натпревари казна, додека Роберто Солдаде нема да може да настапи на шест дуели.
Казнети се и фудбалерите на Галатасарај. Баду Ндиаје доби пет дуели суспензија, Гери Мендеш Родригез три, а Рајан Донк ќе „одмара“ шест натпревари.
Тренерот на Галатасарај, Хасан Сас доби осум натпревари забрана да го предводи својот тим.