Лопетеги ќе заработи големо богатство ако добие отказ од Реал

Реал Мадрид игра катастрофално сезонава, па во моментов се наоѓаат на седмата позиција во шпанската Ла Лига, а тоа не може да го прифатат ниту навивачите, ниту управата на клубот.

Атмосферата во клубот не е добра и очигледно треба да се менуваат многу работи за да се вратат на победничките патеки, а прва „жртва“ би можел да биде Хулен Лопетеги.

Наводно, Реал веќе го подготвил отказното решение за Шпанецот, па се чека само моментот кога ќе му биде дадено, но тоа би му одговарало на Лопетеги, кој ќе заработи големо богатство.

Лопетеги за повеќе од три месеци работа во „кралскиот клуб“ би можел да заработи дури 18 милиони евра, доколку решат да му дадат отказ бидејќи заработува годишно по шест милиони евра, а има потпишано договор до 2021. година.