Алиоски за малку ќе се степаше со членови на Брентфорд (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски со асистенција го спаси Лидс од пораз во дуелот со Брентфорд, кој заврши 1-1, но и еден друг момент беше во центар на внимание.

Лидс стигна до бод на две минути пред крајот, откако Алиоски го пронајде Понтус Јансон, кој ја погоди противничката мрежа.

Сепак, во еден момент од натпреварот Алиоски влезе во „пресметка“ со членови на противничката клупа и за малку беше избегнат посериозен инцидент.