На Манчини му се погодија арапските милиони – сега потпиша за тим од Катар!
Искусниот стратег беше без ангажман откако си замина од клупата на С. Арабија. Неговата богата тренерска кариера вклучува два мандати во Интер, како и работа во Фиорентина, Лацио, Манчестер сити, Галатасарај и Зенит. Со италијанската национална селекција триумфира на Европското првенство (ЕП) во 2021 година, кога во финалето на „Вембли“ неговите избраници ја победија Англија по изведување пенали.
Ал Сад е најуспешниот катарски клуб, со освоени 18 шампионски титули, вклучувајќи ги и последните две во низа.