Милан станува „дом за старци“, Ибра притиска да се донесе уште еден ветеран!

Според информациите на „Скај Спортс“, Златан Ибрахимовиќ силно притиска Милан да го ангажира Роберт Левандовски за наредната сезона.

Милан има проблем во офанзивната линија, Хименез не ги исполнува очекувањата, па се бара решение за позицијата напаѓач.

Лука Модриќ му се погоди на Милан, па Ибрахимовиќ смета дека слично би можело да биде и ако го донесат Левандовски следното лето.

Левандовски кој уште игра во голема форма, следното лето на Сан Сиро би можел да пристигне како слободен играч со оглед на тоа што му истекува договорот со Барса во јуни.

Каталонците нема да му го продолжат договорот, тие се заинтересирани за Хари Кејн или некоја друга опција.

Наводно и Левандовски е отворен за преселба во Милан бидејќи сака да продолжи да игра на највисоко ниво.

Лева во моментов има 37 години, во август наредната година ќе наполни 38.