Роналдо го реши Фросиноне за нов триумф на Јувентус (ВИДЕО)
Фросиноне даде голем притисок на фаворитот, па успеа да ја зачува мрежата до 81. минута од дуелот, иако немаше ниту еден удар во рамките на голот на Јувентус.
Кристијано Роналдо го отвори резултатот во 81. минута, а конечните 0-2 ги постави Федерико Бернарденски во 94. минута за петти триумф на Јувентус сезонава во Серија А.