Дортмунд е повеќе од клуб: На дресот наместо спонзор ќе има моќна порака
Наместо главниот спонзор „Евоник“, на дресот на германскиот гигант ќе биде испишана моќна порака против расизмот.
„Борусија обединува - заедно против расизмот“, е пораката на бундеслигашот.
Со овој потег Борусија уште еднаш покажува дека е не е типичен клуб од модерниот фудбал и дека се грижи за многу поважни прашања во светот, отколку само за пари од спонзорите.