Новицки: Дончиќ е подобар од мене кога имав 19 години

Дирк Новицки, легендарниот кошаркар на Далас, го пофали Лука Дончиќ и изјави дека младиот Словенец поседува неверојатен талент.

„Дончиќ е овде неколку недели, секој ден е во салата и напорно тренира. Навистина ми се допаѓа тоа што го гледам. Неверојатен е со топката и во пик-ен-рол играта. Неговата визија на теренот е одлична, не можам да верувам што сѐ може да прави на оваа негова возраст. Поседува неверојатен талент, јас на негова возраст немав таква прегледност на играта каква што има то. Ќе му помогнеме да се развие правилно, да учи и да ужива во играта“, изјави Новицки.

Лука зад себе остави сезона за паметење, бидејќи со Реал Мадрид ја освои Ендеса лигата и Евролигата на фајнал-фор турнирот одржан во Белград. Сезоната во НБА почнува на 16 октомври.