Трагедија во Холандија: Почина 13-годишен голман

Холандскиот фудбал е во шок, откако се појави веста дека починал 13-годишен голман на екипата МВР. Несреќата се случила вчера за време на натпревар, откако голманот се судрил со еден противнички фудбалер. 

Голманот загубил свест и веднаш му била укажана прва помош. Медицинскиот персонал се обидувал да го оживее, но обидите биле безуспешни и починал само неколку часа во откако пристигнал во болница во Нејмиген.

По инцидентот се огласи и Холандската фудбалска федерација и изрази жалење за овој трагичен настан.