Лаутаро донесе три бода од Удине, Интер ја одржува предноста на врвот! (ВИДЕО)

Со гол на Лаутаро Мартинез, Интер со 1-0 победи на гостувањето кај Удинезе и запиша нови важни бодови во битката за Скудетото.

Единствениот гол на мечот падна рано, во 20. минута по асистенција од Еспозито, Лаутаро Мартинез убаво се снајде и погоди за водство на Интер од 1-0 кое значеше и победа.

Интер беше подобар тим и заслужено дојде до победата која е од многу големо значење.

Нероазурите се на врвот и ја одржуваат предноста пред Милан, Наполи, Јуве и Рома.