Лазаров: Португалија е дојдена по медал, цела ноќ се занимавав со нив
Кога е натпреварот со Данска во прашање, Лазаров потенцираше дека против една таква селекција ние не се прашуваме премногу на теренот.
Ноќите за тренерите на големите натпреварувања се непреспиени. Мораме да сработиме и тоа што било, и тоа што ќе биде. Дали можеше подобро или полошо не се прашуваме само ние. Се прашува Данска и така е против секоја репрезентација. Тие се спремаат да бидат европски прваци и можеш да ги изненадиш 5-10 минути.
Португалија не е на нивото на Данска, но далеку од тоа дека е селекција кој може да се потцени.
Ова е едно големо искуство за сите нас и треба побрзо да го заборавиме овој натпревар. Португалија е одлична селекција и тука дојде да се бори за медал. Сепак, не е на нивото на Данска. Мораме да бидеме позитивни и реални и да се обидеме да одиграме подобро од вчера. Сите посакуваме изненадување, но мора да стоиме цврсто на земја и да бидеме компетитивни. Португалија е фаворит, цела ноќ се занимавам со нив, како и минатите шест месеци. Нивните апетити пораснаа, мислат дека можат дури и до медал. Ќе се обидеме да им го пореметиме планот. Треба да се водиме и да учиме и до Данска и од Португалија.
Сепак, Лазаров е оптимист потенцирајќи дека сме подобри од последните два квалификациски натпревари кои игравме против Португалија во 2024 година.
Моето чувство за утре е оптимистичко, но мора да бидеме реални. Мечот на Португалија со Романија нема да ни е мерило. Ние го подигнавме нивото од последните натпреварите со Португалија и сигурен сум дека сме подобри од двата квалификациски дуели во 2024 година.
Натпреварот со Португалија, Македонија го игра утре во 18:00 часот, додека за вторник е закажана пресметката со Романците кој е последен натпревар од првата фаза.