Прва победа на Реал Мадрид под водство на Арбелоа! (ВИДЕО)
Притисокот врз фудбалерите на Реал Мадрид беше огромен, па не беше лесно ниту денеска да се стигне до победа.
Реал Мадрид одигра лошо прво полувреме, без големи шанси и со многу грешки, но Леванте не го искористи тоа за да дојде до водство.
Резултатот беше отворен конечно во 58. минута кога Мбапе погоди од пенал за водство на Реал Мадрид од 1-0.
Седум минути подоцна гол даде и Асенсио за сигурна предност од 2-0, што беше и конечен резултат.