Рома му ги „одврза рацете“ - Бове пак ќе игра фудбал!
Пред повеќе од една година Бове го исплаши фудбалскиот свет кога доби срцев удар на мечот меѓу Фиорентина и Интер. Тој тогаш играше како позајмен фудбалер во виолетовиот тим.
Италијанецот го преживеа срцевиот удар, но му беше вграден дефибрилатор, а тоа значеше дека со него не може да игра во Серија А.
Рома направи голем потег со тоа што без проблем му го раскина договорот на Бове и му овозможи тој да си бара нов клуб надвор од Италија, со оглед на тоа што не може да настапува во оваа земја.
Последните информации велат дека Бове наскоро ќе потпише за Ватфорд.