Челси конечно победи во лигата, Ливерпул киксна со Барнли (ВИДЕО)

Светскиот клупски шампион Челси конечно победи во Премиер лигата со 2-0 против Барнли и ја запре црната серија, додека Ливерпул ремизира против Барнли (1-1) во 22. коло.

Жоао Педро испрати вистинска „бомба“ во 26. минута и ја затресе мрежата на Брентфорд за водство од 1-0, по што следеше доминација на гостинскиот тим.

Брентфорд се закануваше кон голот на Санчез, кој беше извонреден меѓу стативите, а казната стигна во 76. минута кога Келехер на спротивната страна направи пенал врз Делап, по што Палмер стрелаше за 2-0.

Ливерпул создаде дури 32 шанси против Барнли, но на крајот освои само бод (1-1). Сè почна од пеналот на Собослаи, кој не беше прецизен од белата точка, по што Вирц во 42. минута погоди за 1-0.

Едвардс по еден час игра успеа да израмни на 1-1, а потоа Барнли успешно се бранеше од нападите на „црвените“ до крајот на средбата.

Останати резултати:

Манчестер јунајтед – Манчестер сити 2-0
Лидс – Фулам 1-0
Сандерленд – Кристал Палас 2-1
Тотнем – Вест хем 1-2

Фото: Chelsea/Facebook