Ибраими со гол му донесе триумф на Домжале
Ибраими беше стрелец на погодокот во 35. минута од натпреварот по асистенција на Адам Черин Гнезда, а пет минути подоцна неговиот соиграч Шамар Николсон зголеми на 2-0.
Арафат Менсах ги врати надежите на гостите во 71. минута од дуелот, но конечниот резултат го постави Нермин Халјета во 89. минута.