Милан на чекор до ново засилување, но трансферот го кочи Челси!?
„Росонерите“ планираат да го испратат Андре Силва во Севилја, клубот ги тргна неговите дресови од продажба и тоа би требало да значи дека наскоро Португалецот ќе се пресели во Шпанија.
Од друга страна, во Милано би требало да пристигне Тиемуе Бакајоко, но малку ситуацијата се искомплицира.
Челси е подготвен да го пушти на позајмица, но не сака да плаќа дел од неговата плата која изнесува шест милиони евра годишно.
Сепак, јасно е дека Маурицио Сари не смета на Французинот, па се очекува пристигнување на Бакајоко во Милано до крајот на неделата.