Фетел ја направи грешката на кариерата и му го препушти првото место на Хамилтон!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, славеше на трката за ГН на Германија во Хокенјахм и го презеде првото место во генералниот пласман од Себастијан Фетел.

Трката ја одбележа непредвидливото време и веројатно најголемиот кикс на Фетел во досегашната кариера, поради кој Хамилтон и стигна до победата. Британецот стартуваше од 14-то место.

Фетел стартуваше од пол-позицијата, беше прв цели 52 круга и тогаш излета од патеката и го испушти првото место. Зад Хамилтон втор беше Валтери Ботас, трет беше Кими Раиконен, четврти Ферстапен, петти Хулкенберг, шесто Грожан, а во првите десет беа уште и Перез, Окон, Еркиксон и Хартли.

Хамилтон стартуваше од 14. позиција, но со одличната стратегија во боксот на Мерцедес при промени на времето (сува – влажна патека), успеа да се пробие до првата позиција и да го превземе лидерското место во генералниот пласман од Германецот Себастијан Фетел, кој не успеа да ја заврши трката.

Фетел на 20-тина кругот до крајот на трката, во моментите кога беше на првото место, поради влажноста на патеката, пролизга неговиот болид и Германецот не успеа да го исконтролира, завршувајќи надвор од патеката.

Британецот сега води со 17 поени (188) повеќе во однос на Фетел (171), кој остана со празни раце на трката која ја стартуваше од пол – позицијата.