Ракометарите се „опарија“: РФМ им исплати 40.000 евра за пласманот на СП!
Жолто-црвените до ракометниот Мундијал дојдоа по подобриот вкупен скор во бараж-двомечот со Романија во кој прво победивме со 32-24, а потоа минимално загубивме на реваншот во Клуж (25-26).
Ова ќе биде шесто учество на ракометарите на светските првенства, по настапите во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013), Катар (2015) и Франција (2017), а вкупно единаесетто учество на големите натпреварувања.
СП во Данска и Германија ќе се игра следната година во периодот од 10 до 27 јануари, а Македонија своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Минхен во Германија, каде што за противници ќе ги има селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.