МЗТ Скопје го обнови договорот со најдобриот „снајперист“ во Македонија!
Искусниот бек и во изминативе две сезони беше дел од тимот од „Јане Сандански“, во кој ќе остане најмалку до 2020 година, нормално ако сѐ биде како што треба. Симоновски минатата сезона настапи на девет меча во АБА-лигата со просек од 8,1 поен и 2,1 скок додека во домашниот шампионат на 22 меча просечно реализираше12 поени и 3,2 скока. Сѐ уште се паметат негови снајперски вечери во финишот од Суперлигата, кога постигна осум тројки против Гостивар, а дури девет против Блокотехна.
Симоновски кариерата ја почна во Вардар по што настапуваше уште и за Работнички, австриска Аркадија, Фени индустри и за Куманово. Искусниот бек е седмиот кошаркар кој во моментов на располагање го има тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, по Дамјан Стојановски, Љубомир Младеновски, Дарко Соколов, Андреј Маслинко, Србинот Андрија Бојиќ и Американецот Лестер Медфорд.