Ѓоковиќ обезбеди финале по речиси една година!

Новак Ѓоковиќ го совлада Жереми Шарди по два одиграни сета и се пласираше во финалето на турнирот во Квинс.

Ѓоковиќ славеше со 7-6 и 6-4 и така успеа да обезбеди финале и ќе се бори за титула по речиси една година и турнирот во Истборн во 2017 година.

Србинот за противник во финалето ќе игра со Марин Чилиќ, кој  беше подобар од Ник Кирјиос со 2-0 во сетови, во меч без ниту еден одземен сервис, 7-6 и 7-6.

Финалето се игра утре од 14.00 часот.