Белорусија немаше доволно сила, Хрватска слави злато во Скопје!
Белорусите многу лошо го отворија натпреварот, па првиот сет го загубија со 16-25, а во следниот веднаш се вратија во игра, откако го освоија со 25-20 и израмнија на 1-1 во сетови.
Голема борба се водеше во третиот сет на натпреварот, се играше од поен за поен, а на крајот Хрватите беа подобри со 26-24.
И во последниот сет имаше жестока битка помеѓу одбојкарите на двете репрезентации, но Хрватите имаа поголема концентрација во финишот и на крајот го освоија четвртиот сет со 25-23, за конечни 3-1 во сетови.
Да потсетиме, Македонија играше претходно против Летонија и загуби со 3-1 во сетови, па го освои четвртото место.