Шпанија селектираше за СП: Три големи ѕвезди од Премиерлигата извисија
Селекторот Хулен Лопетеги утре официјално на прес-конференција ќе го објави конечниот список, но шпанските медиуми веќе дојдоа до истиот. Интересно е тоа што три големи ѕвезди од Премиерлигата не се најдоа во неговиот избор, а тоа се Алваро Мората, Сеск Фабрегас и Хектор Белерин. Во составот на Лопетеги нема место ниту за универзалецот од Баерн Минхен, Хави Мартинез.
Голмани: Де Геа, Кепа Аризабалага и Реина
Одбрана: Карвахал, Одриозола, Пике, Рамос, Начо, Ацпиликуета, Алба, Алонсо
Среден ред: Бускетс, Саул, Иниеста, Тијаго, Коке и Иско.
Напаѓачи: Давид Силва, Асенсио, Лукас Васкез, Диего Коста, Родриго и Аспас