Каде ли ќе му биде крајот: Дончиќ е најмладиот МВП во историјата на Евролигата!

Кошаркарот на Реал Мадрид, 19-годишниот Лука Дончиќ, официјално е прогласен за МВП во Евролигата за сезоната 2017/18.

Дончиќ стана најмладиот играч кој ја освоил наградата. Претходен рекордер беше Милош Теодосиќ, кој беше прогласен за МВП на 23 години во 2010. година.

Младиот Словенец го заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата со просек од 16,1 поен, 4,8 скока, 4,4 асистенции и 25:43 одиграни минути по натпревар.

Покрај наградата за МВП, Дончиќ исто така ја доби наградата за Ѕвезда во подем.

Дончиќ ја продолжи серијата на европски кошаркари кои ја освоиле наградата за МВП, а Ентони Паркер е единствениот Американец, кој ја освоил наградата и тоа му успеало во 2004. и 2005. година.