Познато е како ќе изгледа „Енфилд“ наредната сезона! (ФОТО)

Мохамед Салах има, едноставно, преголемо влијание во Ливерпул, а тоа го покажа и во победата над Рома со 5-2. Тој беше стрелец на два и асистент на уште два гола, а фановите лудуваат по него. Некој се пошегувал на социјалните мрежи и монтирал фотографија од тоа како ќе изгледа „Енфилд“ во следната сезона. „Коп“ трибината продолжува и над покривот формирајќи една од египетските пирамиди.