Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, летово ќе го напушти клубот од Лондон по 22 години поминати во екипата.

Венгер одлучи да замине, затоа што смета дека дошло време своето место да го препушти на некој друг.

„По долго размислување и разговори со раковоството на клубот, одлучив да заминам на крајот на сезоната. Мислам дека е вистинско време да се збогуваме. Ми беше чест да го водам клубот минатите години. Ви благодарам на сите. Ги повикам навивачите да го поддржат клубот. Засекогаш ќе ја сакам оваа екипа“, кажа Венгер.

А акцијата на навивачите кои сакаа да замине Французинот траеше со месеци. Натписи со пораки да замине нивниот тренер се појавија насекаде.