Лука Дончиќ ќе оди на НБА-драфтот!

Дефинитивно, младата словеченка ѕвезда од Реал Мадрид ќе се појави на годинешниот драфт во најсилната кошаркарска лига НБА.

Според многумина, Дончиќ е потенцијален прв пик на драфтот во НБА, а Словенецот реши годинава да се појави на изборот и без премногу дилеми, можно е веќе од октомври годинава да се изпроба во најсилната кошаркарска лига.

Тоа што го најавуваат и американските медиуми е дека Дончиќ повеќе од сигурно е дека ќе биде меѓу првите пет пика на драфтот, па сега прашање е само на кое место ќе се најде во изборот и кој тим ќе го избере.

Инаку, сезонава Словенецот има 14,9 поени по меч, 4,7 скока и 4,4 асистенции во дресот на Реал Мадрид.