Ништо од пензијата: Буфон разговарал со претседателот на Бока јуниорс
Буфон имаше сон да ја заврши кариерата летово по Светското првенство во Русија, но сѐ беше уништено, откако Италија не се пласираше на Мундијалот.
Пред неколку дена во медиумите се појави вест, која ги шокираше многумина, а тоа е дека Италијанецот би можел да ја продолжи кариерата во Аргентина, односно во дресот на Бока Јуниорс, а таа приказна ја потврди тренерот на тимот, Гилермо Барош Скелото.
„Претседателот Даниел Анхеличи ми кажа дека контактирал со Буфон и разговарале. Го прашал дали е заинтересиран да дојде во Бока јуниорс, а се договориле да разговараат подетално за тоа на крајот на мај“, кажа тренерот.