Барикело пробал да го посети Шумахер, семејството му дало одговор кој го попарил!

Уште малку ќе се преполови шестата година од скијачката несреќа на Михаел Шумахер и откако тој е врзан за кревет. Неговото семејство со голем успех држи во голема тајност каква било информација поврзана со него и со неговата состојба. Не може да допрат до него ниту пријател од калибарот на Рубенс Барикело.

Бразилецот кој своевремено му беше тимски колега на Шумахер од Ферари се исповеда на медиумите дека имал неуспешен обид да го посети. Побарал дозвола од семејството, но одговорот кој го добил не бил на арно.

„Се обидов да го посетам Михаел, барав веќе неколку пати начин да дојдам до него, но безуспешно. Барав од неговото семејство дозвола, но тие на тоа ми одговорија: ‘Верувај ни, тоа нема да донесе ништо добро, ни за тебе ни за него’. Така што, немам никакви информации за неговата состојба“, вели Барикело.

Семејството на Шумахер комуницира со јавноста, главно, преку менаџерката Сабине Кем, а барем делумни информации за неговата состојба се бројат на една рака. Во ноември 2014 година германските медиуми објавија дека Шумахер е парализиран, во количка и дека не може да зборува и на ништо не се сеќава.

Во мај 2015 менаџерката Кем изјави дека состојбата полека му се поправа, а последно во септември 2016 неговиот адвокат на суд рекол „мојот клиент не може да оди“. Британските медиуми, пак, соопштија податок дека неговото лекување веќе чини преку 30 милиони евра. Познато е дека до резиденцијата на семејството Шумахер има мобилна и модерна медицинска станица, која 24 часа се грижи за него.

Шумахер настрада во несреќа при скијање на „диви“ патеки во француските Алпи, на 29 декември 2013.