Ѓоковиќ по десет меч топки го совлада Чориќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на АТП турнирот во Монте Карло, откако успеа да го совлада Хрватот Борна Чориќ со 2-0, по сетови 7-6 и 7-5.

Некогаш најдобриот светски рекет така успеа да врзе две победи во низа на некој турнир за првпат од јануари и елиминацијата во осминафиналето на Австралијан опен, а следен ривал во Кнежеството ќе му биде Доминик Тим од Австрија.

Ѓоковиќ прв успеа да го пронајде вистинскиот ритам, набрзо го стабилираше и сервисот, но и понатмау имаше потреба од константност за да го задржи високото ниво на игра кое го постави. Чориќ тоа го искористи и го врати брејкот во првиот сет, а потоа пропушти и голема шанса за комплетен пресврт.

Навистина којзнае како ќе се одвиваше натпреварот доколу Борна, при резултат 15-40 и сервис на ривалот, само го погодеше празното поле бидејќи Новак се лизна.

Тоа остави голема трага врз него, до толку што не можеше да се опорави до крајот на мечот, па Ѓоковиќ по пресвртот, рутинирано го реши тај-брејкот во своја корист.

Во вториот сет Ѓоковиќ во целост ја презеде контролата, направи два брејка, беше константно подобар од гејм во гејм, па сосема заслужено стигна до победа.