Македонија ѝ пресуди на Грција и се пласира на ЕП 2027!

Македонската женска кадетска репрезентација славеше против Грција со 18-13 на квалификацискиот турнир во Скопје и се пласира на ракометното Европско првенство (ЕП) кое се игра во 2027 година.

Првото полувреме помине без многу погодоци, односно Македонија замина на паузата со предност од 9-8, додека во вториот дел заигра многу подобро во одбраната и стигна до важен триумф (18-13).

Кадетките на Македонија претходно триумфираа над Косово, а запишаа пораз против Литванија.

Најефикасна во македонскиот тим беше Ана Стојчевска со пет голови, додека Анастасија Цимура постигна четири погодоци за Грција.