Македонија ќе мора по потешкиот пат: Австрија не успеа да го запре Кипар!

Кошаркарите на Кипар триумфираа против Австрија со 92-84 во третиот меч од претквалификациите за Европското првенство (ЕП), а тоа значи дека Македонија ја чека тежок пат кон квалификациите.

Поразот за Австрија значи дека остануваат без шанси за пласман во главните квалификации, додека Кипар со три победи е во пол-позиција за место во следната фаза.

Кипар во последното коло, на 28 февруари следната година, ќе се соочи против Македонија на домашен терен и ќе решава за првата позициај во групата.

Македонија ја чека тежок пат кон врвот затоа што ќе мора прво да ја победи Австрија на 25 февруари, а три дена подоцна мора да слави кај Кипар со најмалку 10 поени разлика.

Македонија ќе треба да игра трета фаза претквалификации, во текот на јули и август 2027 година, доколку не успее претходно да слави над Кипар и да го освои првото место во групата.

Фото: Facebook/Cyprus Basketball Federation