Рома ѝ одржа фудбалска лекција на Монца на „Олимпико“ (ВИДЕО)
Дониел Мален го отвори резултатот во 12. минута, а потоа на сцена стапи Матијас Суле, кој со два погодоци во 24. и 36. минута донесе високи 3-0 за домаќините.
Рома целосно ја контролираше средбата и не ѝ дозволи на Монца да се врати во натпреварот. Во продолжението постигна уште еден гол преку Сантијаго Кастро, кој ги потврди конечните 4-0.
Рома се наоѓа на втората позиција во Серија А со 33 бодови, односно два поени помалку од градскиот ривал Лацио.
https://t.co/EoA2nx7MMH
— videos bananildo (@videosbananildo) November 29, 2026
Фото: Facebook/AS Roma