Барса поведе во втората минута, Јамал го постигна најчудниот гол во кариерата (ВИДЕО)
Јамал се најде во навидум незгодна позиција, опкружен со противнички фудбалери и со малку простор за удар. Наместо да се обиде со силен шут или да бара соиграч, крилниот напаѓач избра неочекувано решение – ја испрати топката кон Олмо, но ниеден фудбалер не ја допре и таа заврши во мрежата на домашниот тим.
Погодокот веднаш привлече внимание на социјалните мрежи, а фудбалските фанови го коментираа необичниот начин на кој Јамал успеа да ја смести топката во мрежата.
За Барселона ова беше идеален почеток на натпреварот, но до 20. минута од мечот беа постигнати уште два гола. Обамејанг израмни по тешкиот кикс на Кубарси, а подоцна Олмо ја врати Барса во водство по центаршутот на Гордон.