Фримпонг со автогол ја „поништи“ мајсторијата на Собослаи - реми во градското дерби! (ВИДЕО)
Ливерпул рано го отвори резултатот и тоа со еден фантастичен гол на Доминик Собослаи кој на најдобар можен начин го искористи додавањето од Вирц.
Продолжи Ливерпул да напаѓа и да биде подобар противник, но Евертон сепак дојде до израмнување. По еден прекин Фримпонг лошо реагираше во сопствениот шеснаесетник и си ја погоди сопствената мрежа.
До крајот иако видовме по некоја прилика и на двете страни, повеќе пред голот на Евертон, резултатот не се промени. На табелата сега Ливерпул има 22 бода на четвртата позиција, додека Евертон е осми со 17.
По ова градско дерби, второто денеска го играат и Арсенал и Манчестер Сити од 17:30 часот.