Клупската телевизија на Реал oбвини за двојни стандарди: Како за Јамал има пенал, а за Белингем не?! (ВИДЕО)

Телевизијата на Реал Мадрид жестоко ги нападна судиите по поразот на „кралевите“ од Алавес со 2-1 во 14. коло од Ла Лига.

Клупскиот медиум издвои две спорни ситуации со Џуд Белингем, а анализата ја заврши со директна порака за случајот „Негреира“, во кој Барселона е обвинета за плаќања кон поранешниот потпретседател на судиската организација.

„Денеска нивните портпароли ќе кажат дека ВАР постапил правилно кога ја поништи одлуката и дека немало контакт. Тоа се променливите правила на лигата на Негреира“, порачаа на клупската телевизија.

Од Реал, сепак, нагласија дека не сакаат поразот да го оправдуваат со судењето, но сметаат дека спорните одлуки мора да бидат дел од анализата на натпреварот.

Најголемо внимание привлече ситуацијата од финишот, кога судијата Цезар Сото Градо првично досуди пенал за Реал по падот на Белингем во противничкиот шеснаесетник. Англичанецот веќе имаше жолт картон, но по интервенцијата на ВАР-судијата Фигероа Васкез, главниот арбитар ја прегледа снимката, ја промени одлуката и му покажа втор жолт картон на фудбалерот на Реал за симулирање.

„Контактот беше минимален. Фигероа Васкез, кој веќе го исклучи Мурињо, веднаш го повика судијата и одлуката беше променета. Му прикажаа само еден агол од ситуацијата“, тврдат од телевизијата на Реал.

Притоа направија споредба и со пеналот што Ламин Јамал го доби против Леванте, оценувајќи дека ситуацијата со Белингем била многу поочигледна.

„Ова беше повеќе пенал од оној што го доби Ламин Јамал против Леванте. Ветерот дува во корист на Барселона“, порачаа од клупскиот медиум.

Од Реал сметаат дека нивниот фудбалер требало да добие најстрога казна и во 15. минута, кога по еден корнер бил влечен во противничкиот шеснаесетник.

Поради црвениот картон, Белингем ќе го пропушти следниот натпревар против Реал Сосиедад,