Соса му пресуди на Естудијантес: Палмеирас го освои пехарот во Копа Либертадорес

Палмеирас е новиот шампион на Јужна Америка, откако во финалето на Копа Либертадорес го совлада Естудијантес со 1-0 и ја освои четвртата титула во ова натпреварување.

Решавачкиот момент се случи во 52. минута, кога Рамон Соса ја искористи асистенцијата на Жон Аријас и ја затресе мрежата на аргентинскиот тим.

Естудијантес се обиде да се врати во натпреварот и да го избегне поразот, но Палмеирас успеа да ја сочува предноста до крајот и да го подигне престижниот трофеј.

Бразилскиот гигант со оваа победа стигна до четвртата круна во натпреварувањето.