Литванија ги запре кадетките: Македонија ќе игра за пласман на ЕП против Грција!

Македонската женска кадетска репрезентација беше поразена од Литванија со 28-34 на квалификацискиот турнир за ракометното Европско првенство (ЕП) во 2027 година.

Литванија беше подобар противник во првото полувреме (18-15) во кое ја најави својата победа, додека во вториот дел ја зголемуваше предноста и стигна до триумф од 34-28.

Најефикасна во македонскиот состав беше Мина Ѓурчевска со седум голови, додека Клара Филимановски запиша пет погодоци.

Македонските кадетки утре од 18.30 часот ќе решаваат против Грција за пласман на Европското првенство (ЕП).